Loading Video...
Фудбал
20. јуни 2019 - 13:41

Нов „кикс“ на Аргентина која одигра нерешено со Парагвај

 
Еден од главните фаворити за највисок пласман на „Копа Америка“ репрезентацијата на Аргентина повторно не успеа да се радува на победа. 
Откако во првото коло „Гаучосите“ загубија од Колумбија, ноќеска одиграа нерешено 1-1 против Парагвај. 
 
Парагвајците поведоа со голот на Ричард Санчез во 37.минута, а од нов пораз Аргентина ја спасуваше Лионел Меси кој во 57.минута беше сигурен реализатор на најстрогата казна 
 
Во вториот меч од оваа група Колумбија со голот на Дуван   Запата во 86.минута и донесе нова победа на својата селекција со која Колумбијците сега имаат максимални 6 бодови, додека Парагвај има 2, а Аргентина и Катар по еден. 
 
Во последното коло Аргентина ќе мора да го совлада Катар и за да се надева дека, ќе може да обезбеди пласман во осминафиналето.