Нов црн рекорд во Србија – 5.613 заболени и 27 умрени од Ковид-19
Во текот на последните 24 часа, во Србија регистрирани се 5.613 новозаболени лица и 27 умрени лица, што преставува нов црн рекорд како по бројот на заболени, така и по бројот на жртви на Ковид-19.
Епидемиологот Предраг Кон предупреди денеска дека поради постојаниот раст на бројот на ново заразени со коронавирус и оние на кои им е потребно болничко лекување, здравствениот систем во Србија е „на работ на преживување“.
Кон за РТС оцени дека и покрај предупредувачките бројки, повторното воведување на полициски час не е потребно.
-За што ни треба полициски час? Еве цел Белград е празен, кажа членот на владиниот Кризен штаб за сузбивање на епидемијата на коронавирус.
Тој додаде дека е сигурен дека новите мерки, што стапија на сила синоќа и кои вклучуваат затворање на угостителските објекти, продавници и трговски центри од 21 до 5 часот наутро, ќе дадат резултати.
-Зборувајќи за тоа што друго би можеле уште, тешко дека има нешто повеќе да се направи. Дозволени се собири до пет лица, што значи дека секој собир е апсолутно забранет, кажа Кон.
Тој додаде дека е сигурен дека новите мерки ќе имаат ефект.
-Единственото прашање е колку тоа ќе се види во бројките, бидејќи вирусот веќе навлезе во семејствата. Тоа е суштината, наведе Кон.
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората