Loading Video...
Ракомет
2. July 2022 - 19:07

Норвешка, Холандија, Аргентина, противници на Македонија на СП за ракометари

Сениорската машка ракометна репрезентација на Македонија ќе настапува во Ф на СП што на почетокот на следната година ќе се одржува во Шведска и Полска. 
 
Македонските ракометарки попладнево го дознаа противниците на СП, а ждрепката посака Македонија да игра во Ф групата во полскиот град Краков, во која за противници ќе ги има селекциите на Норвешка, Холандија и Аргентина, 
 
Досега се познати 27 учесници, а последните пет патници на Мундијалот ќе бидат познати по одржувањето на африканското првенство што ќе се одржи од 11 до 18 јули во Египет.
 
Мундијалот во Полска и Шведска ќе се игра од 11 до 29 јануари следната година