Македонија
13. October 2015 - 13:07

Нормализиран железничкиот сообраќај Скопје - Велес

Железничкиот сообраќај на релацијата Скопје - Велес е нормализиран, по неколкучасовниот прекин откако утрово беше избегнат директен судар на два патнички воза, информираат од МЖ Инфратсруктура.

- На Железничката станица „Рајко Жинзифов“ кај Велес околу 10 часот изутрина е избегнат директен судар на два патнички воза, откако едниот поминал на црвен сигнал, изјави за МИА портпаролот на МЖ Инфратсруктура Невзат Мамути.

Возовите сообраќале на релацијата Скопје - Велес.

Според портпаролот на МЖ Инфраструктура, нема никакви последици, а стручни екипи се на терен и го испитуваат случајот.