Македонија
4. August 2015 - 8:28

Нормализиран сообраќајот на патот Тетово - Попова Шапка

Патниот правец Тетово - Попова Шапка е расчистен и сообраќајот се одвива нормално во двата правци.

Како што соопшти АМСМ, поради излевање на реката во село Доброште, во прекин е регионалниот пат Тетово - Јажинце и обратно.

Надојдената вода на Вратничка река, пак, целосно го оштети мостот кој сообраќајно ги поврзува селата горно Орашје и Нераште.

Според АМСМ, сообраќајот на сите државни патишта се одвива по наместа влажни коловози.