Македонија
13. March 2016 - 18:41

Нормализиран сообраќајот на патниот правец Катланово - Велес

Сообраќајот на патниот правец Катланово - Велес е нормализиран, карпата која беше на брзата коловозна лента на 3км од наплатната станица Сопот е одстранета и сообраќајот се одвива по две коловозни ленти, соопшти АМСМ.

На патниот правец А3 обиколница Битола-Ресен на 70+300 км поради свлечиште патот е во прекин во двата правци. Како алтернатива сообраќајот е пренасочен преку градот Битола.

Поради одрони на пат на Виничка раскрсница помеѓу с.Истибања и  с. Калиманциблокиран е сообраќајот во двата правца. Сообраќајот се пренасочува преку Виница.

Општинскиот пат с. Долни Полог- с. Облешево пред Кочанска река е во прекин поради прекопан коловоз и е направен канал за одводнување на надојдена атмосферска вода од врнежи на дожд.

Eкипи на Ј.П. Македонија пат ги расчистија свлечиштата на патниот правец Кочани – Делчево. Поради врнежите од дожд и можноста од повторно активирање на свлечиштата од превентивни причини патниот правец Кочани-Делчево останува затворен за сообраќај.

Сообраќајот е пренасочен преку Виница-Смојмирово-Делчево.