Тенис
30. јуни 2016 - 12:47

Ноле руши нови рекорди, „западњаците“ патат!

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ испиша нова страница во историјата на светскиот тенис. Србинот во второто коло на Вимблдон славеше над Адријан Мараниро (6-4, 6-3, 7-6) и ја запиша 30-та победа во низа на турнирите од Грен слем серијата.
 
Никој во Опен ерата не успеал да забележи толкав број на победи во низа на Грен слем турнирите. Славниот Род Лејвер во 1969 и 1970 година врза 29 победи.
 
Зад Ѓоковиќ и Лејвер е Роџер Федерер кој два пати имал низа од 27 триумфи на Грен слем турнирите, но Швајцарецот никогаш не победил во низа на сите четири Грен слем турнири.
 
Ѓоковиќ пред еден месец го освои Ролан Гарос и стана прв тенисер по Лејвер кој во исто време е сопственик на четирите најголеми титули во тенисот, но е првиот во историјата кој освоил четири Грен слем титули во низа на три различни подлоги.