Владата го намалува ДДВ за дизелот од 18 на 10%. За да се спречи енормно поскапување на горивата од вторник, на вонредна седница покрај намалена акциза, се интервенира и во делот на данокот.
Зголеменитите тензии на Блискиот Исток неделава ја вивнаа цената на нафтата на светските берзи. Брент се продаваше за над 10% поскапо и последниот ден од тргувањето заврши на речиси 105 долари за барел. Со ваквиот скок , на утрешната седница на Регулаторната Комисија, неминовно ќе беше зголемување на цената. Но, премиерот Мицксоки, сега очекува поевтинување кај дизелот.