Пензионерите ќе можат да си докупат 2 години стаж и да се стекнат со право на пензија. Лицата со навршени 62 за жени и 64 за мажи, кои работеле 13 години, наскоро ќе можат да си уплаќаат по 6,5 илјади денари месечно и со тоа да имаат право на пензија.
Информацијата денека ја усвои Владата и Министертвото за социјална политика треба да го подготви предлог-законското решение за пензиско осигурување. Со измените се очекува да бидат опфатени околу 900 лица.