Секој човек може да се соочи со Алцхајмеровата болест, поради што се неопходни повеќе разбирање, грижа и поддршка за заболените и нивните семејства, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на вечерашното „Алцхајмер матине“ во Скопје. Таа истакна дека, покрај медицинската грижа, значајна улога има љубовта, нагласувајќи дека „некои нешта не можеме да ги смениме, но можеме да ги подобриме“, додека надежта за лицата што живеат со болеста и нивните семејства, како што рече, треба да се гради и преку поддршката од најблиските.