
Северна Македонија активно се вклучи во новиот План за раст за Западен Балкан и ги засили напорите за реализација на четирите столба на планот: постепена интеграција во единствениот пазар на ЕУ, регионална економска интеграција, суштински реформи и зголемена финансиска поддршка - се наведува во извештајот на Европската Унија за напредокот на земјава, што официјално ќе биде претставен попладнево во Брисел.