Само со компромис и нудење решенија, Македонија може да се приближи кон Европската Унија. Вториот човек на НАТО, заменик генералниот секретар Шеќеринска за Сител вели дека сме многу пасивни, чекаме некој друг да ни го реши проблемот, без да понудиме решенија. Во политиката, тој што е побрз, тој победува. Ни Брисел, ни Вашингтон, ни Берлин нема да ни решат нашиот проблем, ако нема консензус меѓу нас и ако сме пасивни.