Општините од Источниот плански регион сами ќе ја финансираат изработката на физибилити студијата за изградба на регионален стационар за бездомни кучиња. За студијата ќе бидат издвоени 5 милиони денари, а средствата ќе ги обезбедат 11-те општини пропорционално според бројот на жители. Тоа значи дека оптините Штип и Кочани од окалните буџети ќе издвојат половина од средствата. Со физибилити студијата треба да се утврди најсоодветната локација, капацитетот и начинот на функционирање на стационарот, кој треба да претставува регионално решение за проблемот со бездомните животни.