Мултимедијален културен центар со две кино сали, простории за дружење и креативна работа, студија за подкасти, кафулиња и зелени површини , ова се дел од содржините предвидени во студентските архитектонски решенија за нов објект во центарот на Струмица.
Станува збор за околу 20 идејни решенија изработени од 40 студенти по архитектура од Универзитетот Американ колеџ Скопје. Целта е да се понудат современи решенија за потребите на градот, особено на младите, кои би добиле нов простор за културни активности, работа и дружење.