MENI

Од денеска до сабота терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци во Скопје

Град Скопје ги известува граѓаните дека од денеска до 19 септември во периодот од 22.00 до 03.00 часот, ќе се врши терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот.

Како што посочуваат од Град Скопје, доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.

Pages