
Општина Чаир соопшти дека ќе бидат поставени 100 нови контејнери на местата каде што потребата за собирање отпад е најголема, што според општината претставува инвестиција во подобрување на јавната хигиена и комуналната инфраструктура.
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, нагласи дека инвестициите во јавната хигиена остануваат еден од приоритетите на општината.