
Во 2025 година, 70 843 пазарноориентирани деловни субјекти реализирале промет од 2 226 478 милиони денари и генерирале бруто-додадена вредност од 522 087 милиони денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Најголем промет од 38.7 % реализирале деловните субјекти од секторот Трговија на големо и на мало и Преработувачката индустрија од 24.5 %.