Нема дефинитивен договор меѓу Министерството за образование и студентите за субвенционираниот оброк. По последниот состанок со министерката Весна Јаневска, останува отворено прашањето за колку ќе се зголеми дневната сума.
На маса е ставена опцијата студентите самостојно да одлучат дали ќе го користат актуелниот модел или ќе се префрлат на нови електронски ваучери. Министерката вели преговорите се во тек и се уште не е одлучено за колку ќе се зголеми сумата.