Познатиот тенисер стана мета на хакери.
Профилот на Инстаграм на најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ вчера го нападнаа албански хакери. Групата под назив The2ATeam на профилот на Ноле постави своја фотографија со албански мотиви и нивен потпис.
Останатите фотографии од тенисерот и неговото семејство останаа недопрени.