Почнува реализиацијата на една од најголемите инвестиции во Македонија. Леар корпорацијата го потпиша договорот со Владата. Ќе вработи 3000 лица до 2018 година во полошкиот регион. Во фабриката ќе с епроизведуваат текстилните и кожните делови за автомобилски седишта, а инвестицијата се проценува на над 15 милиони евра.
За почеток Леар ќе произведува во постоечки објект во Гостивар. А паралелно ќе почне изгрдбата на фабриката во тетовската зона. Таа ќе биде готова кон средината на идната година.