
Македонската одбојкарска репрезентација во полуфиналето од Европската лига на завршниот турнир ќе игра против Естонија. Информацијата е добиена од генералниот секретар на ОФМ Зоран Карановиќ. Дуелот се игра во четврток на 13.август со почеток во 20 часот, додека во првото полуфинале од 17 часот ќе играат домаќинот Полска и Словенија.