Со достоен присет и почит за десеттемина загинати бранители и со полагање цвеќе на споменикот “Карпалак” во Касарната “Мирче Ацев”, Прилеп и прилепчани, утринава, го започнаа одбележувањето на 14-годишнината од трагичниот настан кој се случи на 8-ми август во конфликтната 2001-ва година кај месноста Карпалак.