Нема да ја почитувам изречената мерка на претпазливост но за органите на прогонот останувам достапен, ова бил одговорот на лидерот на опозицијата Зоран Заев во судот во Струмица на распитот извршен во вторникот. Бил повикан откако кривичниот совет на скопскиот суд побарал објаснување зошто обвинетиот во случајот Пуч и покрај обврската не се пријавил во судот на 13, 20 и 27 јули. Заев бил веднаш одговорил на поканата и истиот ден во вторникот се појавил во судот во Струмица.