Американката Кејти Ледецки го собори сопствениот светски рекорд во слободен стил на 1.500 метри на Светското првенство во пливање што се одржува во рускиот град Казањ.
Ледецки, која е светска рекордерка и на 400 и 800 метри, во квалификациите на 1.500 денеска пливаше во време од 15:27,71 минути, што е за 1.секунда и 35 стотинки подобар резултат од оној кој го исплива пред една година.
Ова е втор светски рекорд на Мундијалот во Казањ, откако вчера Швеѓанката Сара Сјостром го подобри најдоброто време на 100 метри пеперутка.