Со превентивен преглед откриени се 3 нови случаи на карцином на дојка. Во рамки на мамографски скрининг што министерството почна да го спроведува од 7 април, прегледани се 2731 жена.
На понатамошно испитување се упатени околу 500. Пациентките кои извршиле бесплатен преглед се на возраст од 50 до 69години.
Жените кај кои е детектиран карцином се испратени на хирургија, а на дополнителен скрининг се испратени уште 488 пациентки.