MENI

Амонијак истече од фабрика за азотни ѓубрива во Кина

Над 10.000 жители на градот Нанчонг во југозападна Кина, денеска беа евакуирани од нивните домови и работни места, откако од локалната фабрика за азотни ѓубрива истече поголемо количество амонијак, јави ДПА. 

Весникот „Вест Чајна Сити Дејли“, објави дека гасот почнал да истекува од фабриката уште во текот на минатата ноќ.

Pages