Со музичко сценскиот спектакл „Кармина Бурана“од Карл Орф во изведба на шпанската продукција „Ла Фура дел баус“ заедно со Оркестарот на Македонската опера и балет и Македонската филхармонија вечерва стартува 55-то јубилејно издание на фестивалот „Охридско лето“.
Уметниците кои пристигнаа синоќа водушевени од Античкиот театар најавија невидиден спектакл и голема атракција.
Музичкиот и драмскиот селектор и за ова издание на фестивалот велат дека богата програма ќе биде збогатена со звучни светски имиња .