Се сретнале во скопско кафуле, ангажирале диво такси за превоз и се упатиле кон Драчево. Со црни женски чорапи на главите влегле во менувачницата Золит Трејд, го убиле сопственикот и украле 1 милион денари. Разбојниците кои пред повеќе од две години го потресоа Драчево паднаа во рацете на полицијата. Двајцата се од Скопје и на возраст од 28 години.
Директниот извршител на убиството сеуште е во бегство додека второ осомничениот е уапсен и одредена му е мерка притвор од 30 дена.