До седумпати помали парични казни за малите компании и до три пати за најголемите. Од овој месец стопанството ќе плаќа значително пониски глоби за прекршоци во работењето – владин проект за чие спроведување беа изменети околу 20 закони.
Казните сега се пресметуваат зависно од приходите на компанијата, бројот на вработените и дали има претходни прекршоци. Се работи за едно од главните барања на бизнис заедницата кое треба да ги подобри деловниот амбиент и ликвидноста.