
Ужасна трагедија се случи во Лизинг во Корушка каде 39-годишен татко ја прегазил својата 20 месеци стара ќеркичка/
Тешко повреденото дете веднаш е префрлено со санитетски хеликоптер на клиниката во Клагенфурт.
До несреќата дошло кога таткото со својот автомобил сакал да излезе од дворот. Притоа не ја забележал ќерката во тревата од неговата десна страна.