Мора да се внимава дали се гради законски покрај реката Пена во Тетово за да се избегне некоја поголема поплава и во градот, предупредуваат познавачите на приликите. Професорот по инфраструктура Вулент Палоши вели дека во Тетово има објекти изградени премногу блиску до коритото на реката што може да резултира со поголеми поплави.
Децениската негрижа за решеткастите брани долж реката Пена чија намена е превенција од наноси на камења и дрва е пример колку е важно да се делува со меркит во насока да се спречат вакви појави објанува Палоши.