MENI

Се реализира проектот за темелна реконструкција на железничките станици

Железничката станица во Прилеп заедно со Железничката во Скопје ќе бидат целосно обновени до крајот на годинава, најави денеска премиерот Никола Груевски при посетата на Прилеп.

- Во моментов се реконструира и Железничката станица во Велес. Другите железнички станици на Коридорот 10 овие недели ќе почнат да се реконструираат и треба да бидат готови до 2016 година, изјави Груевски, кој заедно со министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски направи увид во текот на градежните работи за реконструкција на железничката станица во Прилеп.

Pages