MENI

18-годишна девојка од Куманово им се приклучила на борците на ИД

Како што пренесуваат албанските медиуми З.К. (18) од Куманово, била примерна девојка, а на борците на ИД во Ирак им се приклучила пред неколку месеци.

Нејзините родители за неа велат дека била примерна ученичка и дека не очекувале таа да направи такво нешто.

Нејзиниот татко, А.К. познат бизнисмен во Куманово вели дека несфатливо е како неговата ќерка потпаднала на таквите пропаганди.

Pages