383 водоводни и канализациски мрежи минатите години биле изградени во Македонија. Жители на 60 општини во државата кои мака мачеле со овие прашања повеќе не стравуваат од недостаток на вода а ниту од тоа каде би оделе отпадните води. Планот на владата секое семејство во Македонија да е поврзано на водоводна и канализациска мрежа полека се остварува.
- Ова можеби за некого се мали проекти но се од големо значење за жителите, изјави премиерот Никола Груевски.