Ирскиот велосипедист Мет Брамиер за малку ќе загинеше откако се судри со автомобил за време на трката „Тур оф Јута". Брамиер загуби контрола врз велосипедот при еден свиок и се заби во автомобил кој ги следи учесниците во трката. По судирот, Брамиер летна во воздух и потоа тресна на асфалтот. За среќа остана жив, со повреди на вратот, грбот, напукнати ребра и белодробно крило, но добра вест е што нема да оди на операција. Ирецот по несреќата преку Твитер објави дека е добар и се заблагодари за поддршката од навивачите.