
Турски борбени авиони Ф-16 бомбардираа три цели на групата Исламска држава во Северна Сирија рано изутринава, се наведува во соопштение на кабинетот на премиерот Ахмет Давутоглу.
Воздушните напади се извршени малку пред 4 часот по локално време од турскиот воздушен простор. Во нападите се уништени три објекти на ИД.