
Четири деца се загинати од свлечишта при силното невреме што вчера го зафати тетовскиот регион. Според СВР Тетово, во двор од куќа во Голема Речица поплавата донела безживотно тело на дете од околу 10 години. Од тетовската болница информираа дека кај нив е донесено безживотно тело на 13-годишно девојче, најверојатно од Шипковица.