MENI

Во Кратово започна театарскиот фестивал „Мостови“

Со претставата „Последните Македонци“ на режисерот Сашо Миленковски, синоќа започна театарскиот фестивал „Мостови“, кој во следните три дена ќе се одржува пред Домот на културата во Кратово. Домаќинот и организатор на манифестацијата, здружението „Коринтон“,  одлучи да понуди четири различни драмски претстави кои треба да ги задоволат и најпребирливите вкусови на кратовската публика.

Вечерва на сцената ќе се појават актерите од велешкиот театар во претставата „Спанаќ со пржени компири“, а во четврток и петок кратовци ќе уживаат во претставите „Столови“  и „Стјуардеси“.

Pages