
Руското Министертсво за надворешни работи неочекувано го одби барањето на германската Влада за издавање влезна виза на новиот воен аташе на Германија во Москва, бригадниот генерал Герт Гавелек, објави магазинот „Шпигел“.
Според весникот, Москва не дала образложение за причините за одбивањето на барањето за виза за Гавалек, кој идната недела требаше да ја преземе функцијата воен аташе.