Променливо облачно време со локален пороен дожд и грмежи за денеска попладне најавува Управата за хидрометеролошки работи. Кон крајот на денот, а особено во ноќните часови ќе има поинтензивна нестабилност, проследена со пообилни поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме со силни електрични празнења и појава на град.