Факултетска диплома и на постари години. Министерството за образование го објави кокурсот за упис на високообаразовните институции за жени над 30 и мажи над 35 години. Се нудат 44 студиски програми на 16 факултети а место има за 670 возрасни студенти. Условот е тие да се вработени на неопределено или 5 години активно да бараат работа. По 6 години од спроевдувањето на проектот , можноста ја искористиле 1500 лица. Најголем дел од нив се интересирале за изучување на техничките науки како и медицината.