MENI

Премиера на „Столови“ од Јонеско на Скопско лето

Претставата „Столови“ од Ежен Јонеско, во режија и адаптација на Дамјан Читкушев, вечер ќе биде премиерно одиграна на малата сцена на Македонскиот народен театар, во рамки на Скопско лето.

Станува збор за копродукција на МНТ и театарот „Фабрика“. Сценографијата и анимацијата се на Сергеј Светозарев, а костимите на Мелани Димитровска. Играат Дритон Вејсели и Благица Димитровска.  

Pages