MENI

Тинејџер од Струмица исчезна капејќи се во вир

Полицијата трага по 17-годишниот Д.В. од с. Доброшинци, струмичко, откако вчера попладне околу 17 часот исчезнал капејќи се во вир.

Тој заедно со уште тројца другари влегол во водата насобранаво ископот меѓу селата Доброшинци и Пиперово широк околу 30 метри.

По извесно време го снемало, а останатите момчиња во паника побегнале.

Pages