Половина милион евра доби општина Велес за реализација на проекти во руралните населени места.
Парите се обезбедени преку владината Програма за финансиска поддршка на рурален развој.
Ќе се гради цевковод во чолошево, улици во Иванковци а ќе се уредува и пешачката патека околу езерото Младост.
Најголем дел од парите ќе се наменат за изградба на водоводна мрежа во селото Чолошево.
Ќе се гради доводен цевковод и резервоар со препумпна станица.
Проектите финансирани од програмата за руален развој ќе се реализираат до почетокот на идната година.