Втор ден во Тетовско се бараат исчезнатите од невремето во понеделникот, шест годишната Дрита Амети од Шипковица и 61 годишникот од Лисец, а се смета дека има уШте исчезнати лица. Надлежните институции продолжија со расчистување на наносите од земја, дрва и камења од патиштата како и поплавените објекти и имоти.
Заменикот министер за земјоделие Ванчо Костадиновски во погодените подрачја изврши увид какви и колку штети претрпеа земјоделците. Вети дека ќе има и ургетна помош за нив.