MENI

Летен камп „Михајлово" за деца од загрозени семејства

Ученици од основните школи во Кавадарци до 5 август ќе престојуваат на одмор во Михајлово на планината Кожув. Летниот камп почнува утре, а вклучува 19 деца со добар успех во учењето кои доаѓаат од социјално загрозени семејства.

Кампот го организира Општината преку Советот за превенција од малолетничко престапништво, со финансиска поддршка на седум кавадаречки фирми и поединци.

Pages