
Поранешниот ирачки премиер Нури ал Малики го критикуваше парламентарниот извештај, што го обвинува него и луѓето од неговото опркужување за падот на ирачкиот град Мосул во рацете на „Исламска држава“ минатата година и ги повикува одговорните да бидат дадени на суд.
- Бескорисни се резултатите од истрагата на парламентарната комисија, напиша Малики на Фејсбук.