
Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Врнежите ќе бидат распространети низ земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен и источен правец.
Утринската температура ќе се движи од 14 до 22 степени, а дневната од 30 до 37 степени.