На железничка станица во Гевгелија вчера дошло до тепачка помеѓу две групи на илегални мигранти во која употребиле разни предмети.
При тепачката Е.Б.(38) од Сирија се здобил со повреди во пределот на грбот од остар предмет. Истиот е пренесен во МЦ во Гевгелија за укажување на лекарска помош. Се превземаат мерки за целосно расчитување на случајот.