Со кафе и чај премиерот Груевски вчера беше пречекан во Шипковица. По големата водена катастрофа состојбата во тетовско полека се стабилизира. Жителите задоволни од досегашната помош од државата.
Груевски ги информираше граѓаните на Шипковица и за пакетот владини мерки за надминување на последиците од невремето.
По Шипковица, премиерот со Владиниот тим ја посетија и Мала Речица каде исто така интензивно се работи на расчистување на наносите од водената стихија.